До 20 јули годинава, лицата со бенефициран стаж  треба да се изјаснат дали ќе го продолжат членството во задолжителниот пензиски фонд

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

До 20 јули годинава, лицата со бенефициран стаж  треба да се изјаснат дали ќе го продолжат членството во задолжителниот пензиски фонд (вториот задолжителен пензиски фонд), соопшти Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Според соопштеното, оваа обврска е предвидена во членот 118 став 3 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Изборот се врши со писмена изјава за продолжување на членство.

По предвидениот датум, ако овие лица не се изјаснат, престанува нивното членство во задолжителниот пензиски фонд, а  пензиското друштво ќе го префрли вкупниот износ на средствата од нивните индивидуални сметки во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување –  ПИОМ.

Со тоа тие стануваат  осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе го остварат правото на пензија.

Членот 118 став 3 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување предвидува: осигурениците ( со бенифициран стаж) кои се вклучиле во вториот пензиски столб можат, по сопствен избор, да остварат право на пензија од прв столб согласно со членот 34 од овој закон и право на пензија од втор столб согласно со Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување или единствено право на пензија од прв столб согласно со закон при што вкупниот износ на средства од нивната индивидуална сметка се пренесува во Фондот за исплата на старосна пензија.

Во оваа категорија осигурници спаѓаат работници кои работат на тешки работни места. Работните места со бенефициран стаж се утврдени со Правилник за утврдување на работните места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење (Службен весник на РМ бр 16/2011).

Листата може да ја најдете ОВДЕ.

Со задолжителните пензиски фондови управуваат КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво АД. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article