До 15 часот во првиот круг од претседателските избори гласале 392.066 лица или процентуално 35,89% од вкупно запишаните 1.092 341 гласачи на 2110 избирачки места, соопшти Државната изборна комисија.
Според податоците за излезеност кои што се пристигнати досега, најголема излезенот е забележана во Новаци со 57,69% и во Крива Паланка 51,92%, додека најмала е излезеноста во Центар Жупа, 13,11%.
Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места.
До овој момент до ДИК се доставени вкупно 233 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 38 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 21 приговори се отфрлени како неуредни, а 22 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.