More

    До 1 декември годинава сѐ ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија, а до крајот на декември сите достапни броила ќе бидат сетирани

    spot_img

    До 1 декември годинава сѐ ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија, а до крајот на декември сите достапни броила ќе бидат сетирани, порача денеска менаџерот на Електродистрибуција, Сашо Салтировски.

    – Дел од броилата се т.н. смарт броила, тие ќе ги смениме дури преку ноќ и веќе од 1 декември околу 200.000 корисници ќе имаат веќе сетирани тарифи, а другите би биле во текот на месецот. Многу ќе зависи од потрошувачите и достапноста на броилата – рече Салтировски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами.

    Тој ги замоли граѓаните да им бидат достапни броилата, за како што рече,  да можат нивните читачи да ги прочитаат, бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата.

    – Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата. Сите броила што се достапни ги читаме еднаш месечно и сите тие ќе бидат сетирани, бидејќи тоа оди оптички со еден уред се оди од броило до броило и при читањето софтверот ги сетира како што треба да се сетира – појасни Салтировски.

    Тој нагласи дека  во викенд куќи не може да се сетира броилото ако куќата е затворена.

    – Ако луѓето не се дома, а броилото е внатре не можеме да го сетираме. Во Арачиново броилата се надвор и таму со сигурност ќе бидат сетирани затоа што во изминатиов период тој проект е завршен -рече Салтировски.

    Директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами кажа дека Бирото секогаш им излегува во пресрет на граѓаните кои се пожалиле и имале сомнежи во врска со точноста на броилата и секогаш испитувањето се повторило, за да се надминат сите двоумења кои ги имале граѓаните.

    – Инженерите на Бирото за метрологија професионално ги вршат верификациите на електричните броила и тие се точни според дозволените параметри и стандарди на ИЕЦ (Меѓународна Комисија за Електротекника), односно дека се во сообразност со пропишаните услови и дека ги исполнува прописите и другите акти за верификација, односно се потврдува класата на точност на броилото – посочи Сељами.

    Министерот Бектеши потсети дека одлуката за воведување на евтина дневна тарифа на електричната енергија ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) кое е независно тело.

    – Воведувањето на дневна евтина тарифа е поврзано со производството, со капацитетот на ЕСМ за да произведува струја во тие пикови. Согласно анализите кои се направени, одлучивме сите заедно евтина дневна тарифа да биде воведена на 1 декември. Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да имаат евтина дневна тарифа од 1 декември да им дозволат пристап на службите на ЕВН до броилата за да можат да интервенираат. Ако броилото не е достапно тоа ќе биде сетирано од наредниот месец – посочи Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img