Друштвото на ликовни уметници на Македонија на вонредното годишно собрание кое што се одржа во саботата за нов претседател ја избра ликовната уметница Јана Манева Чупоска.
Манева Чупоска во 1996 година дипломира сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршува на Високата школа за примененат уметност во Прага. Во 2006 година станува магистар по уметност. 2009 година запишува докторски студии и станува доктор од областа на етнологија и дизајн.
Член е на ДЛУМ од 1997 година и активно учествува на самостојни и групни ликовни излагања на домашната и меѓународна ликовна сцена. Авторка е на книги од областа на ликовната уметност и дизајн. Има објавено меѓународни трудови во научни зборници од областа на ликовната уметност и дизајн. Кураторка на ликовниот проект „Фемина 8“. Редовен професор е на високообразовна институција и факултет за арт и дизајн. Менторка е на студенти за одбрани на повеќе дипломски и магистерски трудови. Учествува на семинари од областа на ликовната уметност и дизајн со сопствени излагања во Скопје, Белград, Дизелдорф, Париз, Прага, Загреб и др.
Јана Манева Чупоска ќе раководи со Друштвото во периодот од 2022 и 2026 година.