Во објектот „Мала станица“ при Националната галерија синоќа беше отворена Годишната изложба на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Изложбата претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број членови на ДЛУМ.
ДЛУМ ги додели традиционалните четири награди: за сликарство, скулптура, графика и за млад автор, кои годинава им припаднаа на: Гордана Вренцовска – за сликарство, Нела Јанковска за скулптура, Иво Пецов – наградата за графика, a Леон Тенев e добитник на наградата за млад автор.