Како што може да се види на видеото објавено на страницата Србија лајв на Инстаграм, две диви свињи упаднале во кафеана во Бетон хол во Белград.
Во описот на видеото се наведува дека „успешно и брзо биле успиени и евакуирани“.
Порталот N1 ја контактираше Ветерина Белград во врска со овој случај, но до објавувањето на овој текст немаше никаков одговор.
Инаку, ова не е прв пат во Белград да се појавуваат диви свињи.
Минатата зима, читател пријавил во редакцијата N1 дека ги видел ноќе во Нов Белград во близина на ФДУ.
Последниве неколку години спорадично се појавуваат во различни делови од градот, а јавноста е загрижена поради тоа, но експертите велат – загрижени се и дивите животни, кои доколку не се исплашат, нема да направат проблеми.
Управата за шумарство, по една од овие вести, ги предупреди граѓаните на потенцијална опасност од диви свињи кои се застапени на делови од териториите на општините Земун и Нови Београд, на потегот од блок 30 до блок 9, односно од Ушќе до кеј Земунски.
Исто така, пред четири години на Калемегдан е снимена дива свиња, додека дива свиња паднала од гаража на Обилиќево венц.