More

    Директорот Тасевски и стратешката група при БЈБ во СВР Битола и ГП „Меџитлија“: намален криминалитет за 26%, ефикасност на расчистување на кривичните дела од 43%, зголемување на протокот на патници за

    spot_img

    Денеска (01.08.2023) во рамки на реализацијата на мерките и активностите предвидени со оперативниот план „Безбедно лето 2023“ директорот Сашо Тасевски, заедно со стратешката група при Бирото за јавна безбедност остварија работна посета на СВР Битола и Граничниот премин „Меџитлија“, при што беше реализирана работна средба со раководството на овој сектор за внатрешни работи, но и граничниот премин кој е дел од РЦ„Југ“.

    За време на средбата, раководството на СВР Битола го брифираше директорот Тасевски дека во текот на првото полугодие од 2023 вкупниот број на извршени кривични дела на подрачјето на СВР Битола бележи намалување за 26%, споредбено со истиот период лани, а вкупната ефикасност на расчистување на кривичните дела изнесува 43%, што претставува зголемување за 8% споредбено со минатата година. Само во Битола бројот на евидентирани кривични дела бележи намалување за 51%, а ефикасноста е 47%, додека на подрачјето на целиот Сектор за внатрешни работи, вклучувајќи ги одделенијата во Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод, намалувањето на кривичните дела е за 30% со ефикасност во расчистувањето од 43%.

    На подрачјето на СВР Битола успешно се спроведени оперативни акции од локален и регионален карактер, во рамки на кои се реализирани вкупно 126 активности од страна на полициските службеници, од кои најголемиот дел за спречување на незаконска сеча и пустошење на шуми, како и за недозволена трговија со дрога и психотропни супстанци, а по оперативната акција „Безбедно лето 2023“ регистрирани се вкупно 156 кривични дела, од кои најголемиот дел во Прилеп и Битола, и тоа 79 и 63, додека Ресен, Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар се евидентирани со 5, 4, 3 и 2 кривични дела.

    Директорот Тасевски и стратешката група при Бирото за јавна безбедност беа информирани дека во изминатиот период од страна на полициски службеници од СВР Битола беа реализирани 11 акциски контроли, при што биле контролирани 74 објекти, во кои биле затекнати 46 малолетници, биле констатирани 22 прекршоци и откриени 4 кривични дела, додека во рамки на редовното работење реализирани биле 40 контроли со кои беа опфатени 190 објекти.

    Истовремено, во првата половина од оваа година СВР Битола спроведе вкупно 318 превентивни активности по сите проекти на МВР и СВР Битола, а дури 72 активности на тема „Да ги чуваме шумите од пожари – лето без пожари“.

    Директорот Тасевски го посети и Граничниот премин „Меџитлија“, каде што заедно со стратешката група при БЈБ оствари работна средба со раководството на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Меџитлија“, со цел запознавање со состојбите на овој граничен премин. Така, во делот на прометот на патници на Граничниот премин „Меџитлија“ поминале 669.371 патници, што во споредба со истиот период од 2022 година претставува зголемување од 60%. Од страна на раководството на оваа полициска станица тие беа информирани дека во првото полугодие во 2023 година се откриени 15 обиди за нелегална миграција, додека по оперативната акција „Дозвола“ констатирани се 27 прекршоци, како и едно кривично дело за по Законот за шуми.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img