More

    Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми се повлече од позицијата, со цел да нема сомнеж за било какво влијание врз предметот кој се води во Обвинителството

    spot_img

    Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми се повлече од позицијата, со цел да нема сомнеж за било какво влијание врз предметот кој се води во Обвинителството.

    – Имајќи ја предвид одлуката на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески да поведе постапки за утврдување дисциплинска одговорност за сите три јавни обвинителки и да ја суспендира Вилма Русковска од функцијата основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради незаконитото постапување и злоупотребата на службената положба и овластување, по своја сопствена волја се повлекувам од функцијата в.д директор на Управата за финансиска полиција.

    Ваквата одлука ја носам со цел во јавноста да не постои ни најмал сомнеж во интегритетот, непристрасноста и независноста на постапката која што и понатаму останува да се води во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

    Денешната одлука на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија даде јасна порака дека законите мора сите да ги почитуваат и дека злоупотребите на функциите за лични цели се недозволиви, напиша Муареми на својот ФБ-профил.

    Денеска пак обвинителството информираше дека е покрената дисциплинска постапка против обвинителките Вилма Русковска, Елизабета Јосифовска и Ивана Трајчева, за претресот во Управата за финансиска полиција. Обвинителката Русковска доби и привремена суспензија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img