Директорот на ЦИА зборува за можната нуклеарна закана

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Соединетите Американски Држави не ја занемаруваат можноста Русија да се обиде да користи тактичко нуклеарно оружје во Украина, бидејќи Москва продолжува да се соочува со тешкотии на бојното поле, изјави денеска директорот на ЦИА, Вилијам Бернс.

– Со оглед на потенцијалниот очај на претседателот (Владимир) Путин и руското раководство, со оглед на неуспесите со кои досега се соочуваа на воен план, никој од нас не може несериозно да ја сфати заканата од потенцијалното прибегнување кон тактичко нуклеарно оружје или нуклеарно оружје со ниска издашност – изјави тој при обраќањето на Институтот за технологија во Џорџија, пренесува Си-Ен-Ен.

ЦИА „го набљудува тоа многу внимателно“, рече Барнс. Но, тој нагласи дека САД допрва треба да видат знаци дека Русија се подготвува да преземе таков чекор.

– Иако видовме некои реторички ставови од страна на Кремљ за преминување кон повисоки нивоа на нуклеарна тревога, досега не видовме многу практични докази за распоредувања или воени диспозиции што би ја засилиле таа загриженост – но ние го следиме тоа многу внимателно – рече Барнс.

Share This Article