Директорот на ТИРЗ потпишувал анекс-договори и ја зголемувал вредноста на основниот договор

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Скопската фирма „Зобек-Мининг“ е компанијата поради која е осомничен поранешниот директор на Дирекцијата за ТИРЗ, Јован Деспотовски, за злоупотреба на скужбена положба и овластување.

За Деспотовски се одредени мерки на претпазливост, но поранешниот функционер тврди дека нема никаква вина и дека е чист.

Според ТВ Алфа, сомнежите паѓаат во тендерот добиен од страна на „Зобек-Мининг“ за нивелирање на земјиштето во слободните индустриски зони Штип и Струмица заради поставување фотоволтаични панели.

На тендерот се пријавиле две компании, од кои фирмата која го добила тендерот, иако имала пократок рок од само 120 календарски денови да го заврши проектот, цената која ја понудила била многу повисока.

Клучна улога во изборот на фаворизираната компанија одиграле тројцата осомничени од Бирото за јавни набавки, кои замижале на фактот дека „Зобек-Мининг“ е многу поскапа, но не провериле ни дали добитниците воопшто ги исполнуваат условите од тендерот.

„…не ја извршиле својата службена должност за контрола за исполнетоста на условите од тендерската документација по однос на техничката и професионална способност за изведување на предвидените работи, како и по однос на рокот на изведба на работите како критериум за квалитет. Тие не ги увиделе неправилностите и до Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони Скопје, доставиле записник од извршена управна контрола со дадено мислење дека договорниот орган може да продолжи со постапката за јавна набавка“, се вели во кривичната пријава од Финансиската полиција.

Откако, скопската фирма го добива тендерот, вториот понудавач се жали, но залудно, бидејќи четворица осомничени од Државната комисија за жалби по јавни набавки, го игнорираат доставениот стручен наод и мислењето од вешто лице и го одбиваат како неоснован. И се потпишува договорот, а за изведба скопската фирма има само 4 месеци.

„Два месеца по почетокот на работите, осомничениот директор потпишал анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за 84.688.628 денари или 19,77% од основниот договор и дополнително го продолжил првичниот рок за изведба на работите. По три месеци тој потпишал и втор анекс-договор со кој ја зголемил вредноста на основниот договор за дополнителни 34.921.240 денари и уште еднаш го продолжил рокот за изведба на работите“, наведува Финансиска во кривичната пријава.

„Зобег мининг“ не го испочитувала главниот услов поради кој го добила тендерот, а тоа е рокот од 120 дена. За ова ексдиректорот Деспотовски не презел ништо, односно ниту го раскинал договорот, ниту ги активаривирал банкарските гаранции, ниту побарал „Зобег-Мининг“ да си плати пенали.

- Advertisement -
Ad image

Финансова бара замрзнување на имотот на скопската фирма, а обвинителот барањето го достави и до Судот.

Кривичен пред два дена му го одзема пасошот на Деспотовски кој има обврска и да се јавува во судот.

Тој, пак, уверува дека ќе ја докаже дека не направил ништо незаконски.

- Advertisement -
Ad image

– Сме биле подложни на надворешна ревизија, контрола на работењето постоела секогаш. Јас очекувам дека сите овие ревизорски извештаи ќе бидат земени во предвид, бидејќи ниту еден не укажува на сериозни нерегуларности – тврди Деспотовски.

Share This Article