Спортскиот директор на Лајпциг, Макс Еберл на шега прокоментира како реагира на понудите кои пристигнуваат по Мундијалот за нивниот фудбалер Јошко Гвардиола.
Репрезентативецот на Хрватска одигра брилијантно на неодамна завршеното Светско првенство, а медиумите пишуваат дека германскиот клуб од неговата продажба би можел да заработи 100 милиони евра.
Сепак, спортскиот директор на клубот Макс Еберл даде интересен одговор на новинарско прашање дали добил понуди за Гвардиола по мејл.
„Сите тие одат на спам. Гвардиол, понуда, директен спам. Така што сè уште не сум добил никаков мејл“, се пошегува Еберл.
Гвардиол има договор со Лајпциг до 2026 година, но прашање е колку долго бундеслигашот ќе одолее на богатите понуди од клубови како Челзи и Реал Мадрид, кои наводно се заинтересирани за него.