Директорот на косовската полиција поднесе оставка по силувањето на малолетничка

Saso
By Saso 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Директорот на косовската полиција Самедин Мехмети поднесе оставка, еден ден по случајот со силување на малолетничка, соопшти косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Свеќља.

Според Свеќља, Мехмети поднел оставка од лични причини и професионална совест, а косовскиот премиер веќе назначил вршител на должноста – Фехмиј Хоти, поранешен заменик директор на косовската полиција.

Веста за оставката на Мехмети доаѓа истиот ден кога беше објавено формирањето на експертска комисија за анализа на постапките на институциите во случајот со силувањето на единаесетгодишното девојче.

Да потсетиме, во саботата во косовската полиција е пријавен случајот со силување на малолетничка, во која се осомничени пет лица, меѓу кои, според медиумите, има и малолетници.

Сите осомничени во меѓувреме се уапсени, четворица се приведени, додека со петтиот, според последните информации, се разговара во полициската станица во Приштина.

 

Share This Article