Директорот на Фејсбук стана сточар и има големи планови

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Извршниот директор на Мета, порано позната како Фејсбук, Марк Закерберг, планира со пиво и макадамски ореви да ги одгледа најквалитетните говеда на светот од видот „Ваги“ и „Ангус“. Познатиот милијардер купил ранч и одгледува стока како хоби.

Тој вели дека му требаат „многу хектари за дрвјата на оревот макадамија“, бидејќи секоја од неговите крави јаде од 2.500 до 5.000 килограми храна годишно. Исто така тој сака процесот на хранење и одгледување да остане „локален и вертикално интегриран“.

Пивото ќе се произведува на ранчот.
„Сè уште сме на почетокот на патувањето и забавно е да се подобруваме секоја сезона. Од сите мои проекти, овој е највкусниот“, напиша тој во својата објава и сподели фотографија од парче месо.

Закерберг со години е таинствен за својот имот, ранчот Ко’олау, кој се наоѓа на островот Кауаи. Тој почна да купува земјиште на островот во 2014 година и се најде под лупа за неговото влијание врз локалната заедница.

Тој претходно беше на удар на критики за притисок врз домородните жители на Хаваите да ја продаваат земјата на своите предци. Закерберг се извини во авторски текст објавен во локалниот весник Кауаи во 2017 година и вети дека ќе се откаже од тужбите.

Во декември, магазинот „Вајрд“ објави дека Закерберг исто така гради подземен бункер во огромен имот на Хаваи.

Share This Article