More

    Директорот на Државниот градежен испекторат Фатмир Арифи ,аминувал нова дивоградба во центар на Охрид ,до кога?!

    spot_img

    Охрид постана Мака и Медина каде владе бесправната градба и повторно во централното градско подрачје ,кое патем е строго заштитено со Закон од страна на влада на РСМ,но и од тука започнуваат сите проблеми во бесправната градба и урбанистичкото дивеење со државен амин.

    На улица Цар Самоил во Охрид ,која е лоцирана во центар на Охрид веднаш до плоштадот Свети Климент Охрид , место викано „Табана“,кое место се третира со закон заштитен појас од посебно археолошко-културно наследство, сопственикот на објектот без ниту една дозвола од надлежен орган, без никаква согласност од НУ ЗАвод и музеј Охрид ,во псоледни месец дена извршил надградба и доградба на спрат,како и проширување на габарит на стамбената единица, без при тоа да има било каква согласност од непосредните соседи, оделот за Урбанизам при Општина Охрид, согласност од НУ „Завод и музеј“Охрид.

    Сопственикот на објектот противправно го проширил габаритот на објектот узурпирајќи држав но земјиште сопственост на РСМ,со што сторил кривично дело „узурпација на недвижности“,за што надлежното обвинитеслтво мора да отвори соодветен предмет,макар применувајќи го институтот ДОПРЕН ГЛАС.

    Прилог дотографии од бесправната градба:

    Исто така сопственикот на објектот противправно извршил и надградба на уште еден спрат на објектот , со што стоти кривично делопо Член 244-а од Кривичниот законик – Бесправно градење.

    Прилог фото:

    ДРЖАВНИОТ ГРАДЕЖЕН ИСПЕКТОРАТ ВО ЗАШТИТА НА БЕСПРАВНИТЕ ГРАДБИ ВО ОХРИД?

    Жителите кој гравитираат непосредно до обејктот „Дива градба“ на улица Цар Самоил во Охрид ,поднеле пријава до Општинскиот градежен испекторат при Општина Охрид,Ну Завод и Музеј Охрид и до Државен испекторат за градежништво и урбанизам ,кој е директно надлежен за постапување .

    Градежниот испекторат при Општина Охрид ,веднаш излегол на терен по пријавата на граѓаните , но со оглед дека нема надлежност за постапување во строго заштитена област која според Закон е под директна ингеренција на Влада на РСМ ,министертво за транспорт и врски,веднаш ги известило НУ Завод и музеј Охрид,и Државен градежен испекторат.

    ОД страна ан НУ Завод и музеј Охрид веднаш излегле на терен и од како изготвиле записник го известиле и тие Државниот градежен испекторат.

    До денес од страна на и Државен градежен испекторат нема никаква соодветна акција на терен , нема испекциски надзор,не е затворено градилиштето со Црвена лента,а ниту е издаден било каков акт на сосптвеникот на дивата градба?!

    Како и во многу други случаеви во Охрид на бесправни градби ,каде надлежност за постапување има државниот градежен испекторат предводен од ВД директорот Фатмир Арифи,државниот градежен испекторат не постапува , нешто што е спротивно на закон, опис и попис на работни обврски на Фатмир Арифи и испекторатот со кој тој директорува.

    Ваквиот хаос мора да престане, а жителите на стариот дел на Охрид го повикуваат Арифи да започне да работи за она што го плајќаат граѓаните на Македонија,а не да слугува за тесно пратиски интереси, пред законот сите се еднакви.

    С.Д.

     

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img