Директорката на Онкологија тврди дека секој пациент ја добива препишаната терапија

Lorita
By Lorita 9 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Што побрзо да се расчисти скандалот на Клиниката за онкологија и да се именуваат виновниците за да продолжи секојдневната работа на клиниката и да се врати довербата кај пациентите, побараа денеска министерот за здравство Фатмир Меџити и в.д. организациската директорка на Клиниката, Виолета Клисаровска, на заедничка прес конференција.

– Овој случај мора да биде целосно расчистен во најкус рок. Го разбирам гневот што овој случај го предизвика кај нашите граѓани. Како министер за здравство ќе направам сѐ што е во моја моќ овој случај прво да се расчисти, да се утврди и санкционира одговорноста на секој и да се создадат услови никогаш да не се повтори – рече министерот Меџити и најави дека Министерството ќе соработува со органите на истрагата.

– Никој нема да се обиде да ги заштити престапниците и ако некој се обиде да ја манипулира истрагата остро ќе реагираме. Ги охрабрувам сите поедници или групи кои можат да помогнат да нѐ контактираат нас и институциите на прогонот. Јавноста треба да знае дека КАТО системот не е фрлен, ниту е во подрум, туку е во првичната просторија во склоп на клиничката аптека и таа соба е заклучена. Веќе неколку месеци пред овој случај да излезе во јавност, се прават финансиски анализи дали КАТО системот да се врати во функција или да се обезбеди нов систем за контрола на терапијата. Веќе имаме остварено неколку состаноци и со новиот ребаланс на буџетот предвидуваме обезбедување на систем кој долгорочно ќе ги спречи евентуалните злоупотреби во иднина – рече Меџити.

Директорката Клисаровска додаде дека се прави евалуација за исплатливоста на тој систем на нивната клиника, се прави финансиска детална анализа за да се види каква фининсиска импликација ќе има на клиниката.

За секоја терапија одлучува тим од 12 лекари

За терапијата што ја примаат пациентите неколку месеци наназад одлучува стручен онколошки конзилијарен колегиум. На тој начин, вели Меџити, се спречува самостојно одлучување и злоупотреба на терапијата.

– Јас ќе барам построга контрола и секој месец личен извештај од двајцата директори на Клиниката. Сакам да ги уверам пациентите дека терапијата која се дава на Клиниката за онкологија е соодветна и ефикасна. Замолувам да не се прави генерализирање и напади на целиот персонал на Клиниката која во најголем дел стручно и совесно ја врши својата работа. Нарушувањето на довербата кај пациентите кои во моментов се лечат е неодговоорно и опасно. Апелираме да не се шират невистини, да не се поттикува хајка и омраза туку да им се помогне на сите институции за што побрзо решавање на случајот. Сторителите на криминалот имаат име и презиме. Сакам да ве уверам дека нашиот фокус е безбедност на пациентите – рече Меџити.

Тој соопшти дека од кога е министер, директорката побарала за терапијата да одлучуваат за сите 12 раководители на оддели на Клиниката. Еднаш неделно тие одлучуваат за терапијата на сите пациенти. Потранспарентно од тоа мислам нема, рече Меџити.

– Во врска со постапката можам да ве уверам дека како организациски тим сме целосно достапни на истражните ограни со цел брзо откривање на евентуалните виновници. Апелирам до надлежните институции час поскоро да ја донесат одлуката и ако има виновници да ги именуваат. За нашата клиника ова е од непроценлива важност за да се отфрли целата колективна вина која се надвива над целиот тим и директно се одразува на здравјето на нашите пациенти – рече Клисаровска.

- Advertisement -
Ad image

Медицинската сестра фатена во кражба не растварала лекови

Директорката во име на Клиниката најостро го осуди секое несовесно и нестручно работење и замоли да не се генерализира проблемот врз целиот медицински тим.

– Одговорно тврдам дека од кога сум јас на оваа позиција, од ноември 2022, и сите ги уверувам дека секој пациент ја добива пропишаната терапија согласно утврдената доза која ја одредил неговиот лекар, без никаква манипулација со лековите. Стручниот конзилиум на Клиниката во најголем дел работи високо професионално, сме направиле многу, сме ги заживеале утринските состаноци, формиравме стручен конзилиум каде се реферира за секој пациент што треба да почне терапија, ажурирани се клиничките протоколи. Замолувам да ја вратиме довербата кон пациентите – рече Клисаровска.

- Advertisement -
Ad image

Таа потврди дека имала сомнежи по допрен глас, но дека никого не можеле да осудат.

– Сум го имала тоа предвид и уште од првиот ден почнав да ја следам ситуацијата. Патеката на лекот од влезот преку од аптеката до раздолжување на лекот. На 28 февруари сестрата се дрзна да направи кражба, таа беше отстранета. На 6 март таа доби од нас писмен допис за отстранување од работно место, а поради административни процеси на 23 мај 2023 ѝ беше испратено отказното решение. Беше фатена во повторен обид и беше отстранета од нашата клиника со отказно решение. Знаев дека имало обид за кражба, тоа беше јавна тајна дека некое медицинско лице врши кражба кога се утврди дело, делував како што треба. И јас се чудам и ве молам да го адресирате прашањето на претходните одговорни лица – рече директорката.

Таа вели дека во повторениот обид за кражба не станувало збор за кражба на скап лек, но додаде дека за неа е исто дали ќе украдат шише со физиолошки раствор или најскапиот лек.

– Лековите нормално се разредуваат во физиолошки раствор, но тоа не значи дека ќе се даде терапија без лек или ќе се прополови доза. Одговорно тврдам дека секој пациент ја добива терапијата, ве молам да не се шират шпекулации, премногу се вознемируваат пациентите. Цел свет работи на тумор бордови, тоа е огромна промена за почит на нашата клиника – рече Клисаровска.

Медицинската сестра работела во дневната болница и не била директно поврзана со растворањето на лековите. Сега до лековите пристап имаат ограничен број сестри, кои се менуваат секој ден. Влезот до лековите е строго ограничен и е отворен само за оние кои доаѓаат во допир со нерастворен лек, објасни директорката.

Драстично пораснал бројот на заболени од рак

Во последнава година драстично е зголем бројот на пациенти со малигни заболувања поради што граѓаните мораат да чекаат со часови додека дојдат на ред за својата терапија.

– Нашата клиника е единствена јавна установа која го носи целиот товар за здравствена грижа на ваквите пациенти. Од 2017 имаме значајно зголемување на пациенти и оваа година ќе го срушиме рекордот од над 5.000 нови пациенти во годината. Вкупно се реализираат околу 90.000 и повеќе прегледи годишно. Проблемот е тој, ние веќе и кадровски и просторно и финансиски имаме проблем поради зголемувањето на бројот на пациентите. Од ден во ден ни се зголемува квантитетот на работењето. Работиме со истиот персонал како во 2017 година кога сме имале двојно помалку пациенти на Клиниката. Сме разговарале со министерот да имаме некаква дисперзија на пациентите. Затоа кај нас Мој термин не може да постои. Невозможно е пациентите да добијат терапија без да причекаат – рече Клисаровска.

Таа додаде дека на Клиниката се достапни околу 30 нови лекови кои овозможуваат преживување на пациентите болни од рак.

Министерот Меџити најави дека се разговара да се дисперзираат и кадрите и некои обврски од оваа Клиника во други градови.

Share This Article