„Директивата бр. 25“ ги содржи и одредбите за окупација на Македонија од Бугарија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Владата на Србија денеска соопшти дека земјата ја купила Директивата „бр. 25“ со која германскиот канцелар Адолф Хитлер на 27 март 1941 година издал наредба за напад врз Кралството Југославија и Кралството Грција.

Во соопштението се наведува дека документот, чија содржина го означи почетокот на Втората светска војна на целата територија на Кралството Југославија, по својата важност за Србија е споредлив со телеграмата со која Австро-унгарската империја му објави војна на Кралството Србија на 28 јули 1914 година.

– Овој документ содржи и експлицитна наредба за спроведување на брутални воздушни напади и деноноќно бомбардирање на Белград, подготвеност да им предадат делови од својата територија на Бугарија и Унгарија по окупацијата на Југославија, како и тоа дека со политички ветувања на Хрватите ќе се заостри внатрешно-политичката тензија во Југославија, се наведува во соопштението.

Во соопштението се додава дека содржината на таа директива резултирала, меѓу другото, и со создавање на сите неопходни предуслови за формирање на независна држава Хрватска, односно за иницирање геноцид врз припадниците на српскиот народ на целата нејзина територија.

 

Share This Article