More

    Динамиката на изработка на личните документи ќе се зголеми, најави Тошковски

    spot_img

    Безбедносната состојба на територијата на државата е стабилна, информира денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, по посетата на СВР Скопје.

    Тошковски, исто така, во пресрет на изборите МВР ги повика сите млади кои наполниле 18 години утре да се упатат кон пунктовите низ државата за да се фотографираат за лична карта која, како што рече, ќе биде изработена во разумен рок и да можат да го остварат своето гласачко право.

    Тој посочи дека не станува збор за голем број луѓе, односно за околу 500 лица и постапката може да се заврши за еден ден.

    Во однос на динамиката на изработка на личните документи, Тошковски рече дека моментално се работи со целосен капацитет, но и дека не очекува да се зголеми во периодот што следува.

    – За издавање на пасошот по итна постапка се чека пет до седум дена додека, по редовна постапка за околу два месеца. Да не се лажеме, тоа се капацитетите – изјави Тошковски.

    Министерот за внатрешни работи исто така, рече дека во пресрет на изборите, при денешната посета на СВР Скопје бил информиран дека безбедноста состојба на територија на Скопје, и целата територија на државата е стабилна. 

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img