Шеќерот го има насекаде – од очигледни извори како бонбони и сода до скриени извори како сосови, леб и „здрави“ грицки.
Иако мала количина шеќер може да биде дел од урамнотежена исхрана, прекумерното консумирање може да доведе до сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи зголемување на телесната тежина, замор, па дури и хронични болести.
Она што ја прави ситуацијата уште понепријатна е тоа што можеби не ни забележуваме дека консумираме премногу. Нашето тело често ни испраќа предупредувачки знаци кога претераме со шеќерот, а раното препознавање на овие знаци може да ни помогне да ја преземеме контролата врз сопственото здравје, пренесува Индекс. Затоа, експертите истакнаа неколку знаци кои укажуваат дека консумираме премногу шеќер.
1. Зголемен апетит и зголемување на телесната тежина
Ако консумираме премногу додаден шеќер, зголемениот апетит може да биде еден од првите знаци. Слатката храна е вкусна, но ретко дава чувство на ситост бидејќи им недостигаат клучни хранливи материи како протеини, влакна и здрави масти. Ова предизвикува брзо варење и враќање на гладот, што доведува до несвесно и импулсивно грицкање.
Дополнително, вишокот шеќер може да ја наруши цревната микробиота и хормоните на гладот, како што е лептинот, дополнително стимулирајќи ја желбата за храна. „Шеќерот го нарушува метаболизмот, делумно со попречување на дејството на лептинот. Консумацијата на шеќер создава потреба за уште повеќе шеќер, што го зголемува гладот“, вели лекарот д-р Вилијам В. Ли.
2. Раздразливост
Чувството на напнатост, промени во расположението или раздразливост не може да биде само резултат на стрес – тоа може да биде знак дека консумираме премногу шеќер. После оброк богат со шеќер, нивото на гликоза во крвта нагло се зголемува, но потоа брзо паѓа, што може да предизвика пад на енергијата и лошо расположение.
Мозокот е исклучително зависен од стабилното ниво на шеќер во крвта, па секое осцилирање може негативно да влијае на емоциите. „Нашиот мозок е исклучително зависен од нормалното ниво на шеќер во крвта за да функционира правилно“, истакнува д-р Вилијам В. Ли.
3. Чувство на умор почесто од нормално
Шеќерот може да даде краткорочен излив на енергија, но обично е проследен со остар удар што не остава уморни и безволни. Ова се случува затоа што слатката храна предизвикува скок на шеќерот во крвта, што го поттикнува ослободувањето на инсулин за да го намали тоа ниво – понекогаш премногу брзо. Тој брз пад може да не остави исцрпени, дури и ако сме спиеле добро.
„Шеќерот е многу брз извор на енергија, па без разлика колку јадете, во рок од 30 минути повторно ќе бидете гладни, без енергија или пак ќе барате енергија“, заклучува диететичарот Кери Стонер-Дејвис.