More

    Џорџина Родригес се појави во ултра кус фустан

    spot_img

    Џорџина Родригез, партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, уживаше деновиве на модната недела во Париз. Таа се појави на ревијата на Ветеменс за пролет и лето 2025 година, а вниманието го привлече со својата модна комбинација.

    Родригез на настанот се појави во црн мини фустан од кадифен материјал. Тесниот фустан ја истакна нејзината завидна фигура, а имаше и длабоко деколте.

    Со фустанот облекла и црни хулахопки и штикли.

    Таа го сподели и својот аутфит на Инстаграм, што предизвика различни реакции.„Ти си кралицата“, „Убава жена и секогаш со стил“, „Оваа жена е на друго ниво и го знае тоа“, „Ти си најубава“, напишаа некои.

    Сепак, многумина не се согласија со нив и ја критикуваа Џорџина. „Овде изгледа евтино“, „Знае само да го покаже телото и ништо друго“, напишаа тие.

    Џорџина на почетокот на септември воодушеви со својата фигура на филмскиот фестивал во Венеција, кога  носеше долг бел фустан со длабоко деколте, а Џорџина комбинацијата ја комплетираше со синџир со дијаманти.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img