Џонсон се нарекувал себеси фирер и крал пред својот главен советник Доминик Камингс

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доскорешниот британски премиер Борис Џонсон се нарекувал себеси фирер и крал пред својот главен советник Доминик Камингс. Ова го пишува во извадоците од новата книга „Џонсон на број 10“ кои ги објави британски Тајмс.

„Некои денови премиерот се насмевнуваше, но други денови не“, пишува во книгата авторот Мајкл Гоув, самиот член на Конзервативната партија чиј претсдател беше Џонсон.

Џонсон се обидувал да ја врати контролата меѓу колегите во Даунинг стрит, седиштето на британската влада.

„Јас треба да имам контрола. Јас сум Фирерот. Јас сум кралот кој ги носи одлуките“, наводно рекол тој.

Книгата исто така тврди дека Џонсон знаел да избегнува непријатни прашања од соработниците со тоа што се правдал дека неговата тогашна свршеница, а сегашна сопруга Кери била – луда.

Share This Article