Џонсон денес ќе се соочи со гласање за доверба од страна на пратениците на владејачката Конзервативна партија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Британскиот премиер Борис Џонсон денес ќе се соочи со гласање за доверба од страна на пратениците на владејачката Конзервативна партија, им кажа на пратениците претседавачот на Комитетот 1922 Греам Брејди, пренсува Ројтерс.

„Надминат е прагот од 15 отсто од пратениците на парламентарната партија кои бараат гласање за доверба на лидерот на Конзервативната партија“, порача тој.

Доколку Џонсон изгуби во гласањето во кое учествуваат 359 пратеници на Конзервативната партија, тој ќе биде сменет како лидер на таа партија и премиер. Ако победи, ќе биде безбеден од некое ново гласање за доверба една година.

Џонсон со месеци е во центарот на скандалите, најмногу поради забавите кои биле одржување во зградите на владата додека на сила бил карантинот поради ковид.

Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас кажа дека го поддржува Џонсон во гласањето за доверба.

„Премиерот ја има мојата стоотстотна поддршка на денешното гласање и силно ги охрабрувам колегите да го поддржат. Тој пружи поддршка во заздравувањето од ковид и ја поддржа Украина соочена со руска агресија. Се извини за направените грешки. Сега мора да се фокусираме на економскиот раст“, напиша Трас на Твитер.

Share This Article