More

    Џо Бајден, ќе биде формално номиниран од неговите колеги демократи, за втор мандат во Белата куќа, на виртуелно гласање, закажано за крајот на овој месец пред Демократската национална конвенција

    spot_img

    Американскиот претседател, Џо Бајден, ќе биде формално номиниран од неговите колеги демократи, за втор мандат во Белата куќа, на виртуелно гласање, закажано за крајот на овој месец пред Демократската национална конвенција, и покрај повиците да се повлече. Тоа го јавија американски медиуми повикувајќи се на извори во партијата.

    Демократите и републиканците вообичаено формално ги номинираат своите претседателски кандидати на нивните национални партиски конвенции, но гласањето за кандидатурата на Бајден ќе биде неколку недели пред Демократската национална конвенција, закажана за 19 август во Чикаго. Планот за рана номинација беше објавен долго пред разнишаниот настап на Бајден на дебатата со Доналд Трамп на 27 јуни.

    Сѐ уште не е јасно како точно ќе се изведе предвременото гласање, изјавија претставници на Демократската партија.

    Деталите ќе бидат утврдени на 19 и 21 јули кога ќе заседаваат посебни партиски комитети. Виртуелното гласање се очекува да се одржи неколку дена подоцна.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img