More

    Џезерите велат дека настанала збрка поради погрешно претставен концепт

    spot_img

    Здружение на џез музичари и слободни уметници испрати допис до медиумите во кој појаснува дека некои рааботи се погрешно претставени во јасноста.

    Тие изразуваат благодарност за одлуката на Министерството за култура и Владата за времено сместување на нивниот оркестар во просториите на Филхармонија и се заблагодаруваат за, како што велат, огромната поддршка од колегите од регионот и од целата македонска јавност.

    „Нашата индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е многу подолга, но со биг бендот, конкретно во овие простории, ние работиме веќе 7 години и во овој период не сме наишле на проблеми од каква било природа. За време на припремите и пробите никогаш не сме добиле забелешки дека овие активности на каков било начин ја попречуваат работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите, поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани.

    Имено, во неформални разговори со колеги и пријатели од Филхармонија, доаѓаме до сознанија дека можеби целиот концепт за нашето евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции.

    Тврдењата дека Оркестарот за џез музика брои 50-60 музичари се потполно погрешни. Секој џез биг бенд ансамбл е составен од 17-20 музичари.

    Тврдењето дека на музичарите од Филхармонија ќе им бидат узурпирани гримиорните е исто така неосновано. Можеме да гарантираме дека ова никогаш не било земено во предвид, ниту пак некогаш ќе се случи.

    Погрешно е и тврдењето дека ќе узурпираме простор во веќе постоечкиот дел на административниот дел на зградата, затоа што тоа е невозможно да се случи и би ја попречило и нашата работа. Одржувањето на пробите во зградата би се реализирало исклучиво во малата или во големата сала, во термините кога овие простории се слободни. Концертите исто така би се случувале во денови кога Филхармонија нема програма.

    Ги даваме овие појаснувања со цел да помогнеме во тековниот процес, и да ја објасниме целата ситуација која изгледа дека е излезена од вистинскиот контекст, со надеж дека ќе следи процес на смирување на страстите помеѓу колегите и пријателите со кои работиме заедно долг временски период, а сакаме да продолжиме да соработуваме и во иднина“, се наведува во дописот од Здружението на џез музичари и слободни уметници.

    Оттаму очекуваат Министерството за култура да продолжи со активностите до конечно оформување на институцијата, со цел поскоро да започне нивната официјална концертна дејност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img