Али Амети прво до меѓународниот фактор испрати декларација, потоа се закани со дестабилизација на државата, сега со писма до сите албански и западни лидери, дека се загрозува не само Македонија, туку целиот регион, доколку Мицкоски не го врати во владата.
Ако не успее и со овие писма, останува да се заканува со интервенција на НАТО или со трета светска војна.
Вака со иронија на Фејсбук ја критикува состојбата со ДУИ и изборниот модел познатиот коментатор и поранешен министер за економија, Џевдет Хајредини.
(Фејсбук статус на Џевдет Хајредини)