More

    Џереми Ренер се јави од болница

    spot_img

    Актерот Џереми Ренер (51) на 1 јануари доживеал несреќа чистејќи го снегот, по што итно бил префрлен во болница во Рено, Невада.

    По големата голгота што ја доживеал, познатиот актер се јави од болница и објави фотографија.

    – Ви благодарам на сите за убавите зборови. Премногу сум збркан за да пишувам во моментов, но на сите ви испраќам љубов – напиша актерот на Инстаграм.

    Ѕвездата од филмовите на „Марвел“ му помогнал на мотоциклист кој се заглавил во снегот кога бил повреден од плугот, објавил градоначалничката на Рено, пишува „Дејли мејл“.

     

    – Во неделата, на 1 јануари, Ренер се обидувал да му помогне на возачот кој бил заглавен пред куќата на снежната страна на планината, кога бил прегазен од сопственото возило – изјави градоначалничката Хилари Шиве.

    За жал, во несреќата актерот се здобил со тешки телесни повреди, но неговата состојба моментално е стабилна.

    Инаку, несреќата се случила во близина на патот М. Роуз автопат, кој ги поврзува градот Рено и езерото Тахо, каде што актерот поседува имот.

    – Секогаш им помага на другите – додала градоначалничката.

    Извор близок до актерот открил за „Си-ен-ен“ дека актерот досега имал две операции и дека повредите се сериозни.

    Деталите за несреќата ги открил соседот на актерот кој рекол дека плугот за снег прегазила една од нозете на Џереми, по што изгубил многу крв. За среќа, му помогнал сосед кој е доктор, кој му ја преврзал ногата додека чекале брза помош.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img