Планетарната ѕвезда, Џенифер Лопез го одбележа својот 52 роденден со серија фотографии на социјалните мрежи.
Сепак, она што предизвика посебно воодушевување кај јавноста е видеото кое Џенифер го објави во оваа специјална пригода, а на кое е со нејзиниот старо/нов партнер Бен Афлек, откако ја обновија својата романса.
„Изгледате многу среќно“, „Сѐ потврдивте со оваа снимка“, „Мило ми е што официјално ја потврдивте врската, „Многу сме среќни за вас“, се само дел од коментарите, со посебни роденденски честитки.
Џенифер Лопез и Бен Афлек се свршија во 2002 година, но една година подоцна ја откажаа венчавката и конечно во 2004 година објавија крај на нивната долгогодишна врска. Сепак, по толку години љубовта изгледа победи, а неодамна и се венчаа.
Оттогаш Џенифер истакнува дека никогаш не била посреќна во животот.