Латино дивата Џенифер Лопез во понеделникот го прослави својот 54-ти роденден и тоа во голем стил. Музичката дива на Инстаграм објави неколку фотографии од роденденската забава на кои покажа колку се забавувала.
Лопез објави фотографија на која танцува на маса со рацете во воздух, а освен што позира во свечен фустан, се пофали и со фотографии во бикини кои ги воодушевија обожавателите.
„Роденденско расположение… Цел месец!“, напиша пејачката со објавата.
На објавените фотографии не може да се види нејзиниот нов сопруг Бен Афлек, но сигурно бил покрај пејачката на нејзината роденденска забава.
ФОТО: Инстаграм