Џенифер и Бен сега на нов начин ја покажаа својата љубов и посветеност.
Пејачката и актерка Џенифер Лопез на својот инстаграм-профил откри дека таа и Бен Афлек направиле заеднички тетоважи за „Денот на вљубените“. Пејачката објави низа заеднички фотографии на кои се гледа нејзината и тетоважата на Бен.
„Среќен „Ден на вљубените“, љубов моја“, напиша Лопез и додаде хаштаг „посветеноста е секси“.
Тетоважата на Џенифер има знак за бесконечност со стрелки со нивните имиња, додека таа на Бен е малку поедноставна и покажува вкрстени стрелки со нивните иницијали.
Откако Лопез и Афлек повеќепати беа уловени како се расправаат во јавност, Џенифер на секој начин сака да ги разубеди сите дека во нивниот брак сѐ функционира во најдобар ред.
По рекламата за крофни за Супербол, во која двојката се шегува на своја сметка и лажира уште една расправија, обожавателите се убедени дека нивната караница, особено на Греми, била дел од маркетиншкиот трик за промоција на рекламата.