More

    Џенифер Анистон и Џастин Теру се снимени на вечера во Њујорк

    spot_img

    Џенифер Анистон и Џастин Теру се снимени на вечера во Њујорк, поради што американските медиуми повторно почнаа да пишуваат за нивно можно помирување.

    Гласините дополнително ги поттикнаа фотографиите на кои се гледа како ѕвездата на „Пријатели“ го напушта ресторанот со црвена роза во рака.

    Поранешните сопружници вечераа со актерите Аманда Анка и Џејсон Бејтмен, со кои често се дружеа додека беа во брак. Џенифер се појави во кардиган, панталони и чизми и со чанта во црна боја. Нејзиниот поранешен носеше темно зелена јакна и фармерки.

    Да потсетиме, Џенифер и Џастин се запознаа во 2007 година кога заедно глумеа во филмот „Tropic Thunder“, но се вљубија дури на снимањето на филмот „Wanderlust“, три години подоцна. Својата врска ја открија во јавноста во 2011 година, а една година подоцна се свршија. Тие се венчаа во 2015 година.

    По две години брак и седум години врска, овој актерски пар реши секој да тргне по својот пат. Уште тогаш на сите им ставија до знаење дека мирно се разделуваат и дека сакаат да ја задржат приватноста за себе, но дека и понатаму се почитуваат.

    Џенифер Анистон претходно беше во брак со холивудскиот заводник Бред Пит кој ѝ го скрши срцето откако ја изневери со Анџелина Џоли.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img