„Џејмс Бонд“ филмовите, Даниел Крејг ќе ја добие истата кралска чест со којашто бил одликуван и неговиот можеби најпознат лик „007“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa09621003 YEARENDER 2021 FACES OF THE YEAR British actor and cast member Daniel Craig attends the world premiere of 'No Time To Die' at the Royal Albert Hall in London, Britain, 28 September 2021. The 25th installment in the James Bond movie series is Craig's fifth and last turn as the fictional secret agent 007. EPA-EFE/NEIL HALL

Последниот глумец од „Џејмс Бонд“ филмовите, Даниел Крејг ќе ја добие истата кралска чест со којашто бил одликуван и неговиот можеби најпознат лик „007“, кој потекна од серијалот книги на Ијан Флеминг.

Тој во замокот Виндзор беше награден со Одличјето на Редот на Сент Мајкл и Сент Џорџ, за заслуги во филмот и театарот. Честа нему денес ќе му ја укаже принцезата Ен.

Даниел Крејг, како шести глумец во серијалот филмови, го толкуваше тајниот агент во последните пет „Бонд“ филма – „Казино Ројал“, „Tрошка надеж“, „Операција Скајфол“, „Спектра“ и последниот „Не е време за умирање“. Во улога на „007“, тој се појави и до кралицата во кусо видео на отворањето на Олимписките игри во Лондон, 2012 година.

Крејг глумеше и во „Нож в грб“ заедно со Крис Еванс, Ана де Армас и Џејми Ли Кертис, а ќе се врати и во продолжението чиешто прикажување е закажано за крајот на следниот месец ноември.

Share This Article