Шеесет и петгодишната актерката Џејми Ли Кертис неодамна зборуваше за сознанието дека „наскоро ќе умре“ инфори тврди дека ова сознание предизвиле голем пресврт во нејзината кариера.
Но, по фактот дека деновите ѝ се „броени“, Кертис одлучила посериозно да се посвети на улогата на продуцент на неколку филмови од серијалот „Ноќта на вештерките“, вклучувајќи го и филмот од 2018 година, како и на филмовите „Најдобро лето“ и „Тајмери“. Но, неодамна, во интервју за „Ентертејмент викли“, таа откри: „Дури во улогата на продуцент ја спознав своја сила кога сфатив дека наскоро ќе умрам“.
– Кога наполнив 60 години, тоа беше вистинска пресвртница. Сфатив дека сè што држам во мојата глава, срце, ум, душа, дух и животна енергија ќе умре со мене ако не го изнесам на светот – додалае таа, истакнувајќи дека тоа ја поттикнало сериозно да се заложи за основање сопствена продуцентска компанија за филмови, телевизија и поткасти наречена „Комет пикчрс“ во 2019 година.
„Тоа беше мојот момент на вистината, и тогаш отидов кај големиот продуцент Џејсон Блум и му реков: Сакам продукциска куќа“ вели актерката,.
Нејзиниот последен проект како продуцент е претстојниот документарен филм за фитнес иконата Сузан Паутер од 90-тите.
Актерката се прослави во 1978 година со улогата во филмскиот серијал „Ноќта на вештерките“, а актерската кариера ја продолжи до денес, појавувајќи се во бројни популарни филмови.