Џеј Ло и раперот се карале ноќта кога наводно силувал тинејџерка

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Неодамна објавените фотографии покажуваат дека Шон Комбс, попознат како Диди, и неговата тогашна девојка, пејачката и актерка Џенифер Лопез се расправаат ноќта кога тој, според обвиненијата, силувал 13-годишно девојче.

Музичкиот магнат и пејачката, кои беа во врска од 1999 до 2001 година, се скарале на забавата по доделувањето на наградите Ем-ти-ви ВМА во Њујорк. Фотографиите кои ги објави „Дејли мејл“, се снимени во ноќниот клуб „Лотус“ на 7 септември 2000 година, истата вечер кога во новата тужба се тврди дека Диди сексуално нападнал девојче пред две неидентификувани славни личности.

„Диди цело време држеше шише шампањ и ги послужуваше гостите. Сите танцуваа и уживаа, но како што одминуваше ноќта, растеше тензијата помеѓу него и Џеј Ло“, изјавил за „Дејли мејл“ еден гостин од забавата. На фотографиите се гледа како Џенифер му вика на Шон. Причината за кавгата не е позната. До нив стоела сестрата на Џенифер, Линда. Фотографиите го доловуваат моментот кога лутата Џеј Ло му вика на Диди среде забавата пред да замине. Џеј Ло и Диди пристигнале на местото со нејзината сестра Линда, менаџерот Бени Медина, Дејмон Деш и неколку девојки и различни членови од нивната придружба кои се упатиле до ВИП зоната на клубот.

Изворот додал дека по расправијата раперот порано заминал од забавата со Лопез и со група девојки.

Неодамна против Диди беа поднесени повеќе нови тужби. Во една од нив се наведува сексуален напад врз 13-годишно девојче. Џенифер Лопез не е именувана во тужбата, иако нападот наводно бил пред очите на две славни личности.

Тужителката, која тогаш имала 13 години, отишла на доделувањето на наградите без влезница и се надевала дека ќе се прикраде на настанот. Таа не успеала, се наведува во тужбата, но се сретнала со возачот на Диди, за кој тврди дека и рекол да се врати по доделувањето на наградите.

Share This Article