Латино дивата Џенифер Лопез е позната по своите модни избори кои навистина привлекуваат внимание, а најново во низата беше изданието кое го избра за вечера со своите близнаци Ема и Марк.
Имено, по појавувањето на АФИ Фест, Џеј Ло е со ќерката Ема и синот Макс и вокалниот тренер Стиви Меки.
За таа прилика таа облече капут на „Ердем“ со јака и извезени детали на горниот дел, кој чини 7.095 долари. Под него носеше фустан со нагласено деколте во бебешка розова боја со сребрени детали.
На нозете имаше сандали со потпетици „Париз Тексас Лидиа“ кои чинат 417 долари. Долгата коса ѝ била испеглана, а лицето ѝ било нагласено со интензивна шминка.
Пред тоа таа се појави на „АФИ фест“ каде го промовираше својот претстоен филм „Unstoppable“, а за таа прилика облече крем бело палто, бела кошула, кафеав ремен и розово мини здолниште. На нозете имала салонки на поголема платформа.
Актерката и пејачка последните денови е во центарот на вниманието поради разводот со Бен Афлек. Таа неодамна за првпат зборуваше за тоа во интервју за магазинот „Интервју“.
Таа призна дека многу болно го поминала разводот и дека се чувствува осамено и тажно во оваа ситуација, но дека не дозволува тоа да ја дефинира.