Бакингемската палата во Лондон се затвора и нема да прими државни посети следниве три години поради реновирање и обемни работи коишто ќе чинат 369 милиони фунти, т.е. повеќе од 444 милиони евра.
Реновирањето на британската кралска Бакингемска палата почна во 2017 година, со цел промена на старите кабли и на водоводот коишто не биле сменети од 1950-те и може да предизвикаат пожар или поплави. Резиденцијата на монарсите последен, во декември, ќе ја посети катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани. Потоа, сите државни посети ќе бидат организирани во замокот Виндзор.
Програмата за реновирање на палатата, финансирана со државен грант од даночните обврзници, ќе продолжи до 2027 година.
И кралот Чарлс Трети го преселил својот приватен деловен простор поради работите во палатата. Просторот во северното крило, кој тој претходно го окупираше, го користела покојната кралица Елизабета Втора како нејзин личен стан.
Во јули, посетителите првпат имаа пристап до просториите во источното крило што традиционално се затворени за јавноста, вклучувајќи го и познатиот кралски балкон. Градежните работи налето ќе бидат привремено прекинати за да им се овозможи на туристите да влезат во просториите каде што вообичаено се организираат државни посети на Бакингемската палата во тој дел од годината.
фото: EPA-EFE/ANDY RAIN