Холивудската ѕвезда Џаред Лето ќе го портретира починатиот германски моден дизајнер Карл Лагерфелд во претстојниот филм.
50-годишниот Лето ќе учествува и во продукциската страна на биографската драма преку неговата куќа Парадокс, проектот финансиски ќе биде поддржан од модната куќа на Лагерфелд, а во содржината ќе учествуваат и тројца долгогодишни соработници на модниот гигант.
Како што рече оскаровецот, филмот ќе се фокусира на клучните врски кои одбележаа различни области од животот на познатиот дизајнер, кој во својата богата, 6-децениска кариера креативно ги водеше модните институции Шанел и Фенди до последните денови.
„Карл отсекогаш бил извор на инспирација за мене“, додаде Лето, опишувајќи го покојниот дизајнер како навистина разновиден креатор, уметник, иноватор, лидер и пред се добра личност.
Карл Лагерфелд, кој почина во 2019 година на 85-годишна возраст по тешко боледување, покрај својата извонредна работа, ја одбележа историјата и со своите често контроверзни изјави, а беше познат и по својот луксузен начин на живот.
Тој се почести и со своето четириножно милениче Шупет, кое има свој профил на Инстаграм и живее на големо и по смртта на нејзиниот познат сопственик.
(По смртта на Лагерфелд, извесен период дури имаше гласини дека лавовскиот дел од своето огромно богатство, проценето на стотици милиони евра, го оставил на оваа разгалена мачка.)
Филмот за Карл Лагерфелд ќе биде особено актуелен во светлината на темата на следниот моден спектакл на Мет Гала – уредничката на Вог Ана Винтур деновиве објави дека гала настанот во њујоршкиот музеј Метрополитен во 2023 година ќе биде посветен на иконската работа на овој креативец. генијалец.