More

    Џафери рече денеска дека нема да се раководи од ставовите на неговиот претходник Димитар Ковачевски и дека во предлогот за состав на техничката влада ќе ги стави и имињата на министрите номинирани од ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Мандатарот на техничката влада Талат Џафери рече денеска дека нема да се раководи од ставовите на неговиот претходник Димитар Ковачевски и дека во предлогот за состав на техничката влада ќе ги стави и имињата на министрите номинирани од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Нема причина да се оптоварува прашањето за евентуални промени во составот на техничката влада, изјави идниот технички премиер на Северна Македонија – рече Џафери на последниот брифинг со новинарите како претседател на Собранието на Северна Македонија.

    Тој истакна дека евентуалните кадровски промени се одговорност на политичките партии.

    – Во секој случај, тоа е надлежност на партиските органи кои имаат надлежност и право да бидат дел од таа Влада, така што нема причина да коментирам за нечија одлука, како ќе биде – подвлече Џафери.

    Премиерот Ковачевски и владиниот кабинет се очекува утре (четврток) да поднесат оставки за да им се отвори пат за изгласување на техничката влада. Според најавите, по оставката на Ковачевски ќе има два-три дена расправа во Собранието и потоа во недела – на 28 јануари ќе биде изгласан техничкиот владин кабинет.

    Ова ќе биде трета техничка Влада во земјата. Првата беше предводена од Емил Димитриев и поради тоа што не можеше да се формира подолго време, тој ја предводеше техничката влада од 18 јануари 2016 до 1 јуни 2017 година. Втората техничка Влада ја предводеше актуелниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски од 3 јануари 2020 до 30 август 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img