Џафери го искара лидерот на БЕСА, извршил упад во собранискиот „куќен ред“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, остро реагира кон градоначалникот на Тетово и претседател на Движењето БЕСА, Билал Касами, кој го злоупотребил Собранието со тоа што ги прекршил воспоставените собраниски процедури за одржување на конференции за печат во зградата на законодавниот дом, за лична политичка промоција.

„Во Собранието е предвидена посебна процедура за начинот на одржување на конференции за печат за тоа каде и кој се може да го користи тоа право. Согласно тоа, прес-центарот во законодавниот дом е наменет исклучиво само за пратениците од тековниот мандат, па така, нејасно е денеска Касами во кое својство присуствуваше и  говореше на ненајавената прес-конференција во Собранието. Како поранешен пратеник, Касами би требало да е упатен во процедурите на законодавниот дом и да знае дека, Собранието не е место на кое тој може да се обраќа било како градоначалник или како претседател на партија. Освен тоа, во прекршувањето на собраниските правила и норми на Касами му се приклучија и го поддржаа уште неколку други пратеници, кои во спротивност со воспоставените правила, му овозможија да се обрати од прес-центарот во Собранието, од местото предвидено исклучиво за изјави на народните избраници“, се вели во реакцијата од Кабинетот на Џафери.

Share This Article