Жена, која ја барала куќата на своја пријателка во северниот дел на Њујорк, била убиена со огнено оружје откако со автомобилот по грешка влегла во имот на погрешна адреса, соопштија денеска властите на државата Њујорк.
– Кејлин Гилис (20) возела во округот Вашингтон со уште тројца пријатели кога влегле во патеката на патот Патерсон Хил во Хеброн. Тие брзо ја сфатиле својата грешка и се обиделе да си заминат, но било доцна. Сопственикот на куќата, Кевин Монахан (65), излегол на тремот и испукал два истрели – изјави Џефри Марфи, шериф на округот Вашингтон.
Едниот истрел ја погодил Кејлин Гилис, нејзините пријатели повикале Брза помош која веднаш дошла, но не можела да ја спаси.
Кога полицајците пристигнаа во куќата на Монахан за да го истражат пукањето, тој одбил да излезе. Властите разговарале со него преку диспечер 911 и лично околу еден час пред да биде приведен. Монахан е притворен и ќе му се суди за убиство од втор степен.
Шерифот Марфи рече дека Гилис, „била невина млада девојка која била надвор со пријателите барајќи ја куќата на друга пријателка“. Тој рече дека „немало причина господинот Монахан да се чувствува загрозен“.
Пукањето се случило вчера (понеделник) неколку дена откако 16-годишниот Ралф Јарл беше застрелан и ранет во Канзас Сити, Мисури, откако отиде во погрешна куќа за да ги земе своите помлади браќа.