More

    Девојка криумчарела 350 игри за нинтендо, ги криела во градникот

    spot_img

    Од Кина, поточно од граничниот пункт Лиантанг (Гуангдонг), пристигнува една необична вест за комичен обид за шверц, пренесува порталот Томс хардвер.

    Имено, непозната патничка се обидела да прошверцува дури 350 игри за платформата „Нинтендо свич“ во континентална Кина, кои генијално ги сокрила во градник. Но, дотичната очигледно не ја зела предвид посветеноста на цариниците кои лесно ги забележале нејзиното нервозно однесување и „невообичаено бујната предница“, па ја издвоиле за подетален преглед.

    Покрај тоа што споменатите видеоигри (инаку вредни десетици илјади долари) се секако конфискувани, младата девојка најверојатно нема да заврши зад решетки. Наместо тоа, таа најверојатно ќе треба да плати само парична казна што нема да ја надмине трикратната сума на давачката што би требало да ја плати доколку не се обидела да ги прошверцува.

    За жал, не се знае точно за кои игри на „Нинтендо свич“ станува збор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img