Девојче од Србија залута во Неа Флогита, преку Фејсбук се најдоа и родителите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Цела Србија синоќа се крена на нозе од веста дека малата Марија (3) исчезнала за време на нејзиниот летен одмор во Грција.

Ја пронашол Сашко Радуловиќ, Македонец од скопско Миладиновци и ја споделил веста на Фејсбук.

– Најдовме тригодишно девојче кое беше изгубено во Неа Флогита, во близина на Филатеки. Нејзиното име е Марија, доколку некој ги знае родителите нека нѐ  извести – напишал Сашко во групата „Грција инфо“ на која објавил и слика од девојчето.

Сашко повикал полиција, која го однела девојчето во полициската станица во Неа Мудања.

Стефан и Валентина Спасиќ за Телеграф.рс открија како се одвивала драмата во која се нашле.

– Девојчето е добро, полицијата ја однела во станицата во Неа Мудања за да се увери дека е безбедна. Разбирливо беше вознемирена, но на крајот сè испадна добро. Родителите живеат во еден од нашите станови што го изнајмуваме, па лесно можевме да дојдеме до нив штом го видовме и го препознавме девојчето на социјалните мрежи – изјави Стефан Спасиќ во моментот кога девојчето и нејзините родители беа вратени во станот.

Share This Article