More

    Деветчлено семејство загина во израелски бомбашки напад во Либан

    spot_img

    Деветчлено семејство загина во израелско бомбардирање во Либан во близина на границата со Израел, соопштија денеска либанските власти.

    Државната новинска агенција јави дека нападот се случил во текот на ноќта во градот Шеба.

    Не беа објавени детали, а Израел не ја презеде одговорноста за нападот.

    Околу 700 луѓе беа убиени во Либан само оваа недела во израелска воздушна офанзива врз таа земја, наводно насочени кон членови на Хезболах. Оттогаш, десетици илјади луѓе избегаа во Сирија.

    Во текот на ноќта Израел ја бомбардираше Сирија во дел од границата со Либан, кога загинаа пет сириски војници, а многумина беа ранети, пренесува САНА.

    Од друга страна, Тел Авив објави дека утринава биле пресретнати четири дронови од Либан, а кон Израел биле истрелани уште 10 проектили, а не сите биле пресретнати, па еден човек е ранет од шрапнели на Хезболах градот Тиберија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img