Девет лица повредени во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва се во критична состојба, меѓу кои едно дете, додека 29 пациенти се во тешка состојба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Девет лица повредени во терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во Москва се во критична состојба, меѓу кои едно дете, додека 29 пациенти се во тешка состојба, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

Голикова ова го изјави на состанокот со кој претседаваше претседателот Владимир Путин, на кој се разговараше за терористичкиот напад во Москва на 22 март, пренесоа руските меидуми.

Претходно шефот на рускиот истражен комитет Александар Бастрикин објави дека бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва е зголемен на 139, а бројот на повредени во нападот останува непроменет – 182.

Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во концертната сала „Крокус сити хол“ во предградието на Москва.

Share This Article