Една недела по трагедијата што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, кога момче-убиец изврши масакр и уби 8 соученици и чувар, а повреди уште шест деца и еден наставник, учениците се враќаат на училиште.
Советот на родители на училиштето вчера донесе одлука учениците од денеска да се вратат на настава.
Помладите основци пристигнаа утрово, додека постарите основци ќе доаѓаат на училиште од 12 часот, пишуваат српските медиуми.
Пред училиштето е тивко, на влезот има четворица полицајци, додека на страна стојат инспектори во цивилна облека.
Децата во училиштето влегуваез. Помалите деца доаѓаат во придружба на нивните родители.
Полицијата е на секој агол, безбедноста е максимално зголемена.