Со доаѓањето на потоплите денови и високите температури, децата се повеќе склони кон дехидрација, што може да има сериозни последици.
Педијатрите предупредуваат дека децата многу полесно се дехидрираат од возрасните, поради што е важно да се посвети посебно внимание на зголемениот внес на течности доколку престојуваат на отворено или се занимаваат со некоја физичка активност.
Исто така, претходните проблеми со дехидрација, дебелина и неодамнешно заболување се дополнителни фактори на ризик.
Но, како можат родителите воопшто да препознаат дека нивното дете е дехидрирано?
Иако понекогаш знаат да ги игнорираат предупредувачките знаци, во повеќето случаи тие се видливи и лесно препознатливи, пренесува Index.hr.
Според експертите од Клиниката во Кливленд, ова се некои знаци на дехидрација на кои треба да внимавате кај децата.
– сув јазик и усни
– недостаток на солзи
– помалку од шест мокри пелени дневно или неможност за мокрење
– темна урина со непријатен мирис
– сува и збрчкана кожа
– бледо лице
– длабоко и брзо дишење
– замор
– ладни раце и нозе.