More

    Дете со аутизам врзувале со синџири во болницата во Демир Хисар

    spot_img

    Мајката на 17-годишниот Анес, момче со аутизам, за телевизија Телма изнесе потресно сведоштво за неговиот третман за време на престојот во Психијатриската болница во Демир Хисар.

    Таа се жали на крајно нехуман третман кон нејзиниот син додека бил лекуван во Психијатриската болница во Демир Хисар, за што, додава таа, сведочат, раните на рацете и гребаниците и модриците по телото од синџирите со кои тој бил врзуван.

    – Кога дојде дома по пет недели минати во болницата во Демир Хисар, сакав да го искапам и видов дека целиот е во рани, го држеле врзан со синџири. Како се осмелиле да му го направат тоа на дете – вели во шок неговата мајка Салка Абдуловска.

    Семејството е социјално загрозено, од Дебар се преселиле во Битола за Анес да се школува, како што вели мајката, таа работи за да го прехрани семејството, а таткото, кој има поголем авторитет кај аутистичното дете, ја напуштил работата за да се грижи за него.

    Таа додава дека имало голем напредок кај Анес сè до пред извесно време кога станал агресивен. Родителите сметаат дека државата е таа која треба да обезбеди соодветни услови за овие деца.

    И Народниот правобранител во својот извештај неодамна потврди дека во Психијатриската болница во Демир Хисар има опрема за врзување на пациентите, односно затекнати биле метални синџири со катанци, ремени и кабли и ја потенцира забраната за тортура на пациентите.

    Од Психијатриската болница „Демир Хисар“ одговориле дека лекувањето е согласно медицина базирана на докази и дека во одредени ситуации е неопходно физичко ограничување на пациентите.

    За министерот за здравство Фатмир Меџити нема ништо спорно во овие методи и вели дека се дел од протоколите за да им се даде терапија на пациентите.

    – Зборував со директорката, детето е лекувано според сите протоколи. Такви деца можат да бидат агресивни, затоа според протоколите на експертите од психијатрија во таков случај може да се врзува за одредено време, за добивање терапија. Пациентот е фиксиран само во одредена состојба кога бил по опасност за себе и другите околу себе повторно согласно протоколите за третман на пациентите – изјави министерот за здравство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img