More

    Дете го моли киднаперот да ги пушти, откако станале заложници

    spot_img

    Полицијата во Мајами уби полуден осуденик кој држел жена и нејзината ќерка како заложници во бутик за долна облека.

    Камерата го снимила моментот кога полицијата го убила Даријан Јанг (29), кој ги грабнал мајката и ќерката и им ставил нож под грлото откако бил фатен како краде долна облека од продавница за женска долна облека во Мајами Бич.

    На видеото се гледа како криминалецот од Њу Хемпшир ја фаќа за врат една од своите жртви и ја турка зад пултот. Ќерката на жената стои веднаш до неа и со раце го моли да не ги повреди. Еден од сведоците за локалните медиуми изјавил дека Јанг постојано се заканувал дека ќе ја убие жената.

    На видеото, исто така, се гледа како Јанг одмавнува со главата додека полицаецот се обидува да преговара со него да ја пушти жената да си оди.

    – Спушти го тоа човек, те молам, спушти го – рекол полицаецот.

    Меѓутоа, во еден момент Јанг ја пушта жената и ја грабна нејзината ќерка.

    Полицаецот на крајот пукал во Јанг за да ги спаси жртвите. Јанг бил пренесен во блиската болница во критична состојба, па починал неколку часа подоцна.

    Казнено поправниот оддел во Њу Хемпшир во петокот потврди дека Јанг побегнал на 21 јули од затворот со минимално обезбедување кој се наоѓа на околу 20 милји јужно од Конкорд. Јанг бил во затвор поради обвинение за дрога, манипулација со физички докази и примање украден имот.

    Неговиот најран датум за условно ослободување би бил 31 јули 2023 година.

    Нејасно е зошто патувал 2.400 километри до Мајами Бич и зошто крадел долна облека.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img