Десната рака на Зеленски смета дека Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаило Подољак  денеска изјави дека Русија сака да го претвори Херсон во „град на смртта”.

Тој ги обвини руските војници дека сè минираат, од станови до канализација и планираат да го гранатира јужниот украински град преку реката Дњепар.

„Вака изгледа „рускиот свет”: Дојдоа, ограбија, славеа, убиваа „сведоци”, оставија урнатини и си заминаа”, напиша Подољак на Твитер.

Изјавата на Подољак уследи еден ден откако Москва им нареди на своите трупи да се повлечат од Херсон и да заземат одбранбени позиции на спротивниот брег на Дњепар.

Share This Article