Дескоска смета дека е противуставно воведувањето етничка графа кај новите изводи од матичните книг

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Поранешната министерка за правда и професорка по уставно право и политички систем, Рената Дескоска, смета дека е противуставно воведувањето етничка графа кај новите изводи од матичните книги. Таа смета дека Уставниот суд треба да го поништи Упатството за измена на матичните книги кое во мај го потпиша актуелниот министер Кренар Лога и дека ако биде поништено, тоа би било одлична вест.

„Етничката припадност спаѓа во групата на „сензитивни“ податоци кои подлежат на посебна заштита согласно правилата за заштита на лични податоци. Други такви податоци се податоци за религиозна припадност, политичка определба, здравствена состојба, сексуална ориентација и слично. Нашата држава е потписник на Конвенцијата за заштита на лица во однос на автоматска обработка на лични податоци, а јас лично во декември 2019 го потпишав и Протоколот за нејзина измена со кој дополнително се зајакнува заштитата на овие чувствителни податоци. Тој Протокол е ратификуван во Собранието во јуни 2021 и е задолжителен за нас“, пишува Дескоска.

„Значи нашиот Устав ги става меѓународните договори под уставот, но над законите. Согласно ова, јас очекував дека надлежното министерство ќе предложи измена на Законот за матична евиденција, заради усогласување со меѓународните обврски, а не измена на упатството за примена на законот. Ова што се случува во моментот е ретрограден процес и непочитување на меѓународните обврски кои сме ги презеле како држава.

Законот за матична евиденција, кој е донесен во 1995 година предвидува во матичната книга да се води податок за националност на родителите. Првото упатство за примена на законот е донесено во 2010 година и со него е предвидено во матичната книга да се води графа за националност, но во образецот за извод од матичната книга не е предвидена оваа графа. Со тоа законот е испочитуван, без да се споделуваат сензитивни податоци пред поширок круг на луѓе, каде ќе се користи изводот. Изгледа дека во 2010, тогашниот министер имал повеќе сенс за меѓународните трендови на заштита на човековите права, од денес во 2023 година. Значи со упатството од 2010 кое е изменето и дополнето во 2015 година, беше предвидено решение, законската одредба да се примени на матичната книга, а со оглед на тоа што законот не предвидува што содржи изводот, во изводот кој е во поширока употреба, да не се споделуваат сензитивни податоци, како што е етничката припадност.

Исто така сакам да потсетам дека ние сме и потписник на Рамковната конвенција за национални малцинства и нашето Собрание ја има ратификувано во 1997 година. Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за национални малцинства, го критикува задолжителното назначување на етничката припадност во личните документи, или во внатрешните записи кои ги води администрацијата, вклучувајќи ја полицијата и здравствените власти, како спротивни на правото на самоидентификација и тоа може да се прочита во нивните толкувања на Конвенцијата“, пишува таа на Фејсбук.

Во меѓувреме, Уставниот суд го преиспитува Упатството за измена на матичните книги. Претходно партијата Левица пред судот поднесе ваква иницијатива за внсеувањето на етничките графи.

Share This Article