Десетти месец по ред Светската организација за храна на месечно и на годишно ниво регистрира пад на цените на храната, на годишно ниво најголем кај млечните производи и маслото за јадење

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Десетти месец по ред Светската организација за храна на месечно и на годишно ниво регистрира пад на цените на храната, на годишно ниво најголем кај млечните производи и маслото за јадење, пишува Порталб.мк. Дома октомвриската инфлација на годишно ниво изнесува 3,5% , една од најниските стапки во изминатиот период. Што очекуваат економистите, дали ценовниот притисок ќе “попушти”.

Во октомври забележан е нов пад на цените на основните прехранбени производи на светските пазари. Светската Организација за храна ги објавни новите податоци кои покажуваат пад кај сите основни прехранбени производи, и на месечно и на годишно ниво. Конкретно индексот на цените на основните прехранбени призводи во октомври изнесувал 20,6% што претставува пад 0,5% во однос на септември и 10,8% во однос на истиот месец лани.

Индекс на цени на храна октомври 2023/22

Основни прехранбени производи                       -10,8%

Цени на месо                                                               -3,4%

Цени на житарки                                                        -17,9%

Цени на растително масло                                      -20,7%

Цени на млечни производи                                     -20,1%

Цени на шеќер                                                              -2.2%

- Advertisement -
Ad image

Извор : ФАО

Податоците покажуваат дека во октомври годинава во споредба со истиот месец лани најголем пад на цените има кај млечните производи за 20,1% и кај маслото за јадење за 20,7%. Но за значителни скоро 18% е намалена и цената на житарките. Не само на годишно, цените се намалени и на месечно ниво, па така во однос на септември, цената на житарките е намалена за 1%, на маслото за 0,7% на млечните производи за 2,2%, на месото за 3,4% а на шеќерот за 2,2%.

„Во октомври, меѓународните цени на свинското месо паднаа трет последователен месец. Спротивно на тоа, светските цени на месото од живина благо закрепнаа. Меѓународните цени на говедско и овчо месо, исто така, маргинално се зголемија” се наведува во октомвриската анализа на ФАО.

- Advertisement -
Ad image

Според најновите ревидирани прогнози на НБМ овој тренд на пад на цените во светски рамки се очекува да продолжи.

„Се очекува дека глобалната инфлација и натаму ќе се намалува, односно ќе забави сведувајќи се на 6,9% во 2023 година, па на 5,8% во 2024 и 4,6% во 2025 година” – соопштија од НБМ.

Дали овој тренд на пад на цените на светските пазари соодветно се прелеа и кај нас? Во октомври во споредба со истиот месец лани вкупната инфлација изнесувала 3,5% додека само кај храната ( освен основни прехранбени производи вклучени се и кафе, безалкохолни пијалаци, чај) изнесува 0,7%. Цените на основните прехранбени производи во октомври во однос на септември се намалени (освен за рибата и шеќерот, чоколадото..). Во однос на октомври лани  најголем ценовен пад има кај маслата додека раст има кај овошјето, зеленчукот, шеќерот, месото, рибата.

Индекс на цени на храна октомври 2023/22

Храна                                                                           +0,7%

Месо                                                                            +4,9%

Жита и леб                                                                   -1,4%

Масла и масти                                                           -27,9%

Млеко, сирење, јајца                                                 -5,4%

Шеќер, џем, мед                                                         +7,1%

Извор : Завод за статистика

Во октомври годинава во споредба со истиот месец лани индексот на цените на овошјето е зголемен за 11,2%, на зеленчукот за 4,5% а на рибата за 6,8%.

Економските аналитичари очекуваат забавување на инфлацијата, годинава на ниво од 9,5%, следната година 5% додека во 2025 та прогнозираат 3,2% стапка на инфлација.

„Како фактори коишто би можеле да предизвикаат нагорни притисоци на инфлацијата, испитаниците и натаму ги посочуваат продолженото траење и неизвесноста околу разрешувањето на војната во Украина, продолжувањето на санкциите и трговските рестрикции кон Русија, повисоките цени на увезените добра, како и нарушувањето на глобалните синџири на снабдување. Евентуалните нови влошувања во снабдувањето со енергија и пораст на цените на регулираниот пазар би можеле да доведат до дополнителни инфлациски притисоци” – оценуваат аналитичарите во најновата Анкета на Народната банка.

Тие сметаат дека придонес за забавување на инфлацијата годинава се очекува и поради мерките на Владата и на НБМ но и поради повисоката споредбена основа од 2022 година, посебно во втората половина од годината.

Според најновите ревидирани прогнози на НБМ годинава ќе заврши со инфлација од 9,5% а догодина треба да се движи меѓу 3,5% до 4%.

Share This Article