Десетици загинати во смртоносните бури што го погодија брегот на Бразил

Saso
By Saso 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Официјални лица во бразилската држава Сао Паоло соопштија дека најмалку 36 лица загинале во поројните поплави и лизгање на земјиштето, а некои градови биле принудени да го откажат традиционалниот годишен карневал.На снимката од Сао Паоло може да се видат цели населби под вода, поплавени патишта и остатоци од куќи кои ги понесе водата.

Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните и да ги деблокираат патиштата, јавува Би-Би-Си.

Повеќе од 600 мм дожд наврнаа во некои делови на Бразил во неделата, двојно повеќе од очекуваното за целиот месец.

„Спасувачките тимови не можат да стигнат до неколку места, ситуацијата е хаотична“, рече Фелипе Августо, градоначалникот на Сао Себастијан, градот најмногу погоден од катастрофата.

„Сè уште немаме проценета штета. Се обидуваме да ги спасиме луѓето“, додаде тој.

Десетици луѓе се водат како исчезнати во градот, а околу 50 куќи беа урнати и буквално исчезнаа во поплавата, рече Августо. Тој исто така наведува дека ситуацијата и понатаму е „екстремно критична“.

Државните служби наведуваат дека најмалку 35 загинати во Сао Себастијан, а градоначалникот на Убатуба, кој се наоѓа на околу 80 километри североисточно, исто така објави дека во тој град починало девојче. Стотици беа евакуирани и раселени.

„За жал, ќе имаме повеќе смртни случаи“, изјавија претставници на цивилната заштита за локалните медиуми.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article